Еуросупер БС 98 поскапува, екстра лесното поевтинува од полноќ

Facebook
Twitter
Email
Print

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од вечер на полноќ се намалува за 3 денари, додека малопродажната цена на бензинот Еуросупер 98 се зголемува за 2 денари по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на Еуросупер 98 ќе изнесува 94,5 денари за литар, додека Екстра лесното масло за домаќинство 1 (ЕЛ-1) ќе кошта 93,00 денари

Малопродажните цени, пак, остануваат исти на: Еуросупер 95-90,5 денари по литар; Еуродизел – 99 денари; и на Мазутот М-1 НС 50,067 денари за килограм.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи