Од 1 јануари ќе има повторно покачување на цената на струјата

Зголемувањето на ДДВ за струјата од 5 на 10 отсто в година ќе значи и ново поскапување на струјата за граѓаните, кое според вицепремиерот Фатмир Битиќи нема да биде големо.

„Свесни сме дека енергетската криза е овде, дека одредено покачување мора да има, но колку што е можно ударот кај граѓаните да биде поблаг, сметам дека тоа е императив за Владата“, вели вицепремиерот Битиќи.

Тој објасни дека зголемувањето на данокот за струјата е само една од ставките што влијаат на цената на струјата што ја плаќаат граѓаните и дека во моментот се прават пресметките, но конечна цена сè уште нема.

„Ние сè уште ги правиме пресметките што значат инпутите за в година и затоа беа преземени мерките, веќе една и пол година за инпутот во дефинирање на цената в година да не биде на удар врз самите граѓани. Ние нудевме цена на електричната енергија од страна на ЕСМ кон ЕВН со многу пониска цена, субвенционирана од страна на Владата. Тоа може да биде една од работите за да се амортизира евентуалното зголемување, но далеку сме сè уште, треба да ги согледаме сите параметри, а секако Регулаторната да одреди кое и какво ќе биде влијанието“, рече Битиќи.

Со измени на Законот за додадена вредност од 1 јули 2021 година, како одговор на пандемиската криза, ДДВ за струја се намали од 18 на 5 процети и по таа стапка требаше да биде до 30 јуни 2022 година, но потоа се продолжи нејзината важност до крајот на оваа година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи