Прилеп го одбележува Денот на ослободувањето

Со полагање на цвеќиња на спомен обележјето на Методија Андонов Ченто, на Кузман Јосифоски -Питу, на Могилата на непобедените, на спомен-обележјето на Песјобрдце, делегации од општина Прилеп, од Сојузот на борци, од политичките партии, започнаа активностите за Денот на ослободувањето на Прилеп – 3 Ноември.

Притоа, градоначалникот Борче Јовчески од Могилата на непобедените, каде што почиваат останките на борците од Втората светска војна, посочи дека денес се oддава почит за нивната жртва, за нивното херојство, затоа што ги дале своите животи за слободна и самостојна Македонија и за тоа што се избориле за ослободување на Прилеп од фашистичкиот окупатор.

„Само во последните два дена Прилеп дал 78 жртви, херои на Народноослободителната војска на Македонија. Им благодариме за идејата, за храброста и за визијата што ја имале да бидиме свои на своето. Вечно ќе се сеќаваме да не бидат заборавени, но и да им оставиме аманет на следните генерации да го почитуваат овој голем ден во чест на 3-ти Ноември 1944 година и на сите оние кои што ги положија животите за нашиот Прилеп. Но и во ова денешно време, соочени со предизвици и кризи мораме да останеме доследни на принципите и да го зачуваме се она за што се бореле нашите херои“, рече Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи