ВИДЕО – Бугарските војници се бореа за ослободување на сите Бугари, народот ги чувствуваше за свои – со ваква реторика Јотова оддаде почит на гробиштата во Цапари


Потпретседателката на Бугарија, Илиана Јотова, денеска оддаде почит бугарските воени гробишта во битолското село Цапари, кои потекнуваат од Првата светска војна и каде почиваат останките на 214 војници кои загинале борејќи се на местото Црвена стена. Јотова рече дека денес е Задушница, денот кога се упатуваат молитви и се оддава почит на починатите. Потенцираше дека војниците се бореле за својата Татковина Бугарија и бугарските идеали. Според Јотова како што рарскажувало месното население тука поминале многу војници во многу војни, но народот само Бугарите ги чувствувал за блиски и свои, тоа според Јотова била историската вистина.

„Бугарските војници се бореа ослободување на сите Бугари, за соединенувањето на Бугарија, за обединувањето на сите нас, за тоа е нашата почит. Како што кажува месното население многу војници поминале од тука, некои се погребани на оваа земја, други се погребани на друго место, но за народот Бугарите беа свои. Нема поголема вистина од тоа, колку и страници да бидат напишани, колку документи да бидат отворени, тоа е вистината, таа која што ја раскажува народот“, рече Илиана Јотова, потпретседателката на Бугарија.

Јотова потенцираше дека гледајќи сите ужаси од војните немаме право на идните генерации да има оставаме војни и комнфликти туку мир просперитет. Пред присутните се обрати и поранешниот претседател на Бугарија, Ѓорѓи Прванов кој исто така рече дека овие војници загинале за ослободување на народот од непријателот и обединувањето на Бугарија.

„И тука му е местото да оддадеме својата почит кон нашите пријатели, кон сојузничките нации кои што учествуваат овој спомен да опстои. Така е и со тогашна Македонија, сега Северна Македонија, затоа што тоа е израз на цивилизирано однесување кое треба да се чува, да се пренесува на поколенијата за да може нашите деца да ја чуваат историјата и да ја пренесуваат во иднината“, истакна Ѓорѓи Прванов, поранешен претседател на Бугарија.

Амбасадорот на Бугарија во Македонија Ангел Ангелов истакна дека овие денови потсетуваат за сите ужаси на војната која никогаш не треба да се повтори.

„Денешната кратка средба со историјата не потсетува дека таа треба да се прочита внимателно, без пристрасност и апсолутно чесно, како последица на факти, а не интерпретации. За да се запомне, за да не се повторува. За да  може да продолжиме заедно обединети како пријатели и сојузници“, рече Ангел Ангелов, амбасадор на Бугарија во Македонија.

Јотова денеска го посети и бугарскиот конзулат во Битола, а вчера го посети туриистичкиот објект за лов, во ресенското село Евла, наслове како „Бугарски ловни традиции од времето на цар Самоил до денес“. Објект направена со средства на меѓународни фондови, но по оглас објавен во Бугарија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи