ВИДЕО – Фариш-Прилеп или превојот Плетвар рехабилитиран 90%, наскоро започнува изградбата на трета лента каде што ја нема


Деведесет проценти од рехабилитацијата и градежните работи на делницата Фариш-Прилеп, односно планинскиот премин Плетвар, во должина од 19 км., се завршени. Во моментов се поставува сообраќајната сигнализација и банкините. Се очекува за многу скоро овој патен правец да биде целосно завршен.

Верувам дека сите овде присутни напорно работат на завршните работи затоа ќе си дозволам уште сега да ве поканам сите вас на пуштањето во употреба на делницата Плетвар, важна секција во должина од 19 километри, која е значајна бидејќи е дел од главниот магистрален пат во цела Пелагонија. Ова е практично продолжување на новиот експресен пат од Градско до Плетвар. Оваа делница, но и целиот овој зафат, односно реконструкцијата која се реализира со помош на ЕБОР во вредност од над 4 милиони евра, значи модернизација на коридорот 10Д и поврзување со Република Грција кај граничниот премин Меџитлија. Тоа значи отворени можности за развој на стопанството во целиот пелагониски регион“, истакна премиерот Димитар Ковачевски при денешната посета на Плетвар.

Овој патен правец има огромно значење за Пелагонискиот регион затоа што, освен преку Скопје, тој е единствениот пат кој ја спојува Источна со Западна Македонија. Дневно тука поминуваат и по 5.000 возила, од кои 18% се тешки товарни возила. Беше најавено дека наското ќе се зпаочне и со изградба на трета лента на Плетвар на оние места каде што ја нема во вкупна должина од околу 7 км.

Би сакал да потенцирам уште еден аспект во делот на изградбата и рехабилитацијата на патиштата, а тоа е безбедноста на патиштата и безбедноста на граѓаните кои ги користат. Посебно на оваа делница е зголемена безбедноста со поставување на заштитни огради во должина од 17 километри, а претходно заштитните огради овде беа со должина од 6 километри. Ме радува фактот што и силно се работи на двете фази на експресниот пат од Градско кон Дреново и од Дреново до Фариш, проект кој е исто така од исклучително важно значење за цел пелагонски регион заради побрз транспорт и побезбеден и поквалитетен сообраќај. Би сакал да најавам дека во Министерството за транспорт и врски заедно со Јавното претпријатие за државни патишта работиме на проектот за проширување на Плетвар на места каде што има 2 ленти и тоа се вкупно 7 километри на патна врска која ќе биде проширена со трета лента и со тоа преку ИПА проектот кој го имаме на располагање очекуваме наскоро да биде распишан повик за проширување на тој дел од Плетвар каде што имаме 2 ленти“, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Бочварски рече дека наскоро по завршувањето на преговорите помеѓу државата и Бектел, во текот на година ќе се започнело и со изградба на автопатот Прилеп-Битола.

„Граѓаните кои гравитираат кон Прилеп и Битола многу добро знаат дека овие 20-тина километри се најтешките за возење, посебно во периодот каков што доаѓа, а тоа е зимата. Затоа преземавме градежни активности со цел полесно, побезбедно и посигурно патување. Пред една година отпочнавме со рехабилитација на делницата Фариш – Прилеп во должина од 19 километри, за што издвоивме средства со помош од ЕБОР во висина од над 4 милиони евра. Како што гледаме работите се пред самиот финиш“, додаде директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи