Спорт и здрава храна за детство без мана

Денес кај Градскиот Саат во Прилеп се одржа настанот “Спорт и здрава храна за детство без мана” во организација на Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР и СОУ “Орде Чопела” – Прилеп.

Децата имаа можност да учат и бојат во боенки за зелечук и овошје подготвени од организаторите, да се вклучат во забавни спорски ативности подготвени од спортски тренер само за нив, да другаруваат и да уживаат во храна подготвена од тимот на училиштето “Орде Чопела” Прилеп.

Идејата за овој настан е преку локални настани да се промовираат активности за учење преку игра и спорт и здрав начин на живот во детството, а воедно да се овозможи интергенерациска дружба и пренос на знаење од учениците од средното образование кон децата од школска и претшколска возраст.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи