ВИДЕО – Јовчески: Победа е симбол на градот, но не е наша сопственост, УО мора да побара и други спознори


Одговарајќи на новинарско прашање што планира Општина Прилеп со Победа, Јовчески рече дека Победа е симбол на градот, но клубот не е во сопственост на локалната самоуправа и мора да најде и други спонзори.

„Победа е симбол на градот, но клубот не е во сопственост на локалната самоуправа. Излегуваме во пресрет секогаш и со распределба на средства, но верувајте огромна помош за клубот е што нашата сопственост на фудбалскиот стадион, со трибините го одржуваме беспрекорно и навистина јавните претпријатија Комуналец и Водовод излегуваат во пресрет на секој предизвик или проблем со кој се соочуваат без некоја надокнада. Мислам дека таа е огромна помош, рачунајќи ги овие години на криза. Се размислува сепак да зајакне клубот, но таа помош не доаѓа само од Општината, треба нивниот управен одбор да си побара и други начини на спонзорирање“, рече Јовчески.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи