Здружението СТАНИЦА П.Е.Т. во периодот февруари-мај 2022 година спроведе мапирање за статусот на имунизација против КОВИД-19 на ромското и руралното население кои живее во општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени. Со мапирањето беа опфатени вкупно 150 граѓани од ромските и руралните заедници (60 Роми и 90 лица од руралните заедници).
Резултатите го покажаа следново:
- 38% од ромската заедница се вакцинирани, наспроти 62% кои не се вакцинирани,
- 46% од жителите на руралните средини се вакцинирани, наспроти 54% кои не се вакцинирани,
- Најчести причини за добивање на вакцината се заштитата од болеста и обврската за патување и работа.
- Најчести причини за неприфаќање на вакцината се стравот од друга болест или неплодност, неверувањето дека вакцините штитат од КОВИД-19, а исто така верувањето дека и КОВИД-19 и вакцините се вештачки создадени политички алатки за контрола на луѓето.
Имунизацијата е сеуште најдобриот и најдостапниот начин за справување со КОВИД-19, а болеста иако во намалени размери, сеуште е присутна и може да предизвика сериозни последици по здравјето.
Токму заради истакнување на важноста од имунизацијата, подготвено е промотивно видео со резултатите од спроведеното мапирање и неколку клучни пораки од личните искуства на параправниците на здружението кои работат на терен во ромската и руралните заедници, за тоа зошто е важна имунизација како таа заштитува од болести.
*Видеото е подготовено во рамки на проектот „Пристап до правда за најмаргинализираните“ кој го спроведуваат Фондација Отворено општество Македонија, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп, со поддршка од Европската Унија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не ги изразува гледиштата на Европската Унија.