Завршна работилница за билатералниот проект за пилотирање услуги за поддржано вработување за млади во Северна Македонија (2020-2022)

На 10ти ноември 2022 година  во Скопје се одржа завршна работилница за билатералниот проект за пилотирање услуги за поддржано вработување за млади во Северна Македонија. На настанот беа презентирани  активностите и достигнатите резултати во рамките на билатералниот проект “Пилотирање на услуги за поддржано вработување на млади во С.Македонија” спроведен од Wien Work во партнерство со 5 локални организации од нашата држава: Локална Акциона група АГРО ЛИДЕР, Кривогаштани;   Инклузива, Куманово;  Институт за развој на заедницата,Тетово;  Избор, Струмица; и Центар за млади и заедницата, Гостивар. Проектот се реалиизраше со поддршка на Сојузното Австриско Министерство за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачи и УНДП.

На настанот свое обраќање имаше министерката за Труд и социјална политика – г-ѓа Јованка Тренчевска, Директорот на Агенцијата за вработување – Беким Мурати и г-н Харалд Фугер – Аташе на Австриското социјално министерство.

Пилотирањето на услуги за поддржано вработување под менторство на Виен Ворк, Австрија започна во 2020 година и во текот на проектот без забележани значајни резултати во давањето на социјални услуги за вработување за млади од ранливи групи.

Сите партнер организации споделија искуства од обезбедувањето услуги за вработување за различни целни групи, а воедно ги презентираа активностите и достигнатите резултати соочувајќи се со бројни предизвици како пандемијата со КОВИД19.

Услугите за поддржано вработување се повеќе од потребни за да се овозможи вработување за млади од ранливи групи и да се намали младинската невработеност, а соработката помеѓу релевантните институции и граѓанските организации – потенцијални даватели на социјални услуги е основа за да  се креираат програми и мерки кои ќе обезбедат квалитетни и одржливи услуги за поддржано вработување.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи