ЛАГ АГРО ЛИДЕР дел од на Првиот национален саем за храна и пијалоци “Вкуси ја традицијата”

Локалната Акицона Група АГРО ЛИДЕР во соработка со СОУ “Орде Чопела” Прилеп и локалните производители зедоа учество на Првиот национален саем за храна и пијалоци – “Вкуси ја традицијата” кој се одржа на 11 ноември (сабота) 2022 година пред езерцето во скопскиот Градски парк.

На саемот се претставија повеќе од 200 производители од над 40 локални здруженија меѓу кои и ЛАГ АГРО ЛИДЕР, кои пред многубројните посетители преку презентирање на своите производи го промовираа македонското земјоделство и гастрономија. Домашните македонски производи се разновидни и вкусни, и се приказна за неверојатен спој од домашни состојки, извонредни традионални рецепти и македонскиот менталитет што резултираат со уникатни производи.

Во организација на Слоу Фуд Македонија со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство овој саем овозможи презентирање на земјоделски производи, храна и пијалоци, истовремено изидгнувајќи го значењето на домашните производители за зачувување на традицијата и македонската гастрономија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи