Синоќа, 19.11.2022 во фоајето на ЦК “Марко Цепенков” во Прилеп беше отворена изложбата на слики „Имагинарен простор“ од Верче Николоска. Пред љубителите на уметноста Николоска се претставува со 23 асоцијативно-апстрактни композиции изработени во акрил и комбинирана техника.
Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар на уметност.
„Имагинативните предели на Николоска го визуелизираат нејзиниот карактер и мигновената инспирација.Преку транскрипцијата на сопствените чувствени сензации со помош на сложен систем од ликовни знаци, таа создава одраз односно ја портретира личната имагинативна конфигурација преточена преку разни временски и просторни релации“, рече Димеска.
На Верче Николоска, член на ДЛУП, ова и петта самостојна изложба.
139