Отворена изложбата „Имагинарен простор“ од Верче Николоска во Цепенков

Синоќа, 19.11.2022 во фоајето на ЦК “Марко Цепенков” во Прилеп беше отворена  изложбата на слики „Имагинарен простор“ од Верче Николоска. Пред љубителите на уметноста Николоска се  претставува со 23 асоцијативно-апстрактни композиции изработени во акрил и комбинирана техника.

Изложбата ја отвори Викторија Димеска, историчар на уметност.
„Имагинативните предели на Николоска го визуелизираат нејзиниот карактер и мигновената инспирација.Преку транскрипцијата на сопствените чувствени сензации со помош на сложен систем од ликовни знаци, таа создава одраз односно ја портретира личната имагинативна конфигурација преточена преку разни временски и просторни релации“, рече Димеска.
На Верче Николоска, член на ДЛУП, ова и петта самостојна изложба.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи