Вечерва во 19.00 часот во Ликовната Галерија при НУЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата на 14-тото издание на Меѓународната колонија ДРЕН 2022.
„Топлите јулски денови и пријатните свежи вечери минуваа исполнети со џагор и одѕвонувачка смеа. Одвреме-навреме, разговорливите гласови кои создаваа врева мигновено стивнуваа и целосно исчезнуваа. Во тие моменти, препуштени на музичките ноти, секој творец обземен од личната творба тивко потонуваше во втрлогот на сопствената креативна имагинација. Како плима и осека, растеа и се намалуваа творечките мисловни и емотивни бранови. Со нивната волшебност и ритимичност неповторливо делуваа и оставаа невидлив отисок во просторно-временскиот континиум. Во ноќните часови, осветленото космичко небо пленеше со својата ѕвездена раскошност нудејќи ронка оддив“, пишува Викторија Димеска, историчар на уметност.