ВИДЕО – Ковачевски за Охридската архиепископија: Бугарија си дава изјави за себе, валидно е само кога историската комисија ќе има консензуален став

Play Video

Утрово историската комисија имаше соопштение во кое што во детали објаснија во кој аспект историската комисија ги анализира историските периоди и улогата на различни институции во тие историски периоди. Исто така потврдија дека воопшто не се разговара за статусот на црквата од било кој аспектм истакна денеска во Прилеп, премиерот Димитар Ковачвски.

„Така да сметам дека сите оние кои даваа лажни изјави врз основа на шпекулации во текот на изминатите 2 дена треба да се воздржат од тоа и да ги почекаат официјалните изјави на историската комисија, а мислам дека изјавата на сите членови потпишани на нашата историска комисија се многу јасни и дека воопшто таму не станува збор за било какво дефинирање на статусот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Бугарската страна си дава изјави за себе, она што е валидно е само кога историската комисија со сите 14 члена ќе имаат консензуален став за било кое прашање. Се друго се изјави кои немаат никакво влијание врз финален резултат на работата на историската комисија, бидејќи прво историската комисија работи независно и тоа беше целта, со историјата да се занимаваат историчарите, а со политиката политичарите и дека единствено валидно решение кое може да го донесе историската комисија е тоа кое ќе биде одобрено од сите 14 члена, 7 од наша страна и 7 од бугарска страна, со нивни потписи и да биде воведено со реципрочна основа во двете држави“, кажа Ковачевски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи