ВИДЕО – Ковачевски: МВР да открие како затворена седница на комисијата за надзор над безбедносните служби била пренесувана во живо

Play Video

За Онисченко јас ви кажав дека имавме затворена седница на Владата на која што информираше директорот на АНБ во детали, како се случило на влада да бидат донесени 4 позитивни мислења врз основа на кои е донесена одлуката, бидејќи 4 позитивни мислења имаше за тој случај, рече денеска во Прилеп, премиерот Димитар Ковачевски.

„Врз основа на целата дискусија која што таму се водеше, а за која за жал не можам да ве информирам со оглед на тоа дека се работеше за затворена седница и давање на информации од затворена седница на влада е казниво дело со затвор од 1 до 5 години. Владата донесе одлука согласно законот да отпочне активности за одземање на државјанството на посоченото лице. Исто така сакам уште еднаш, како и завчера што направив, да го повикам Министерството за внатрешни работи што побрзо да ја заврши истрагата во однос на тоа како се случи затворената седница на парламентарната комисија за надзор над безбедносните служби да биде пренесувана во живо и потоа тие да можат да продолжат и да ја завршат својата работа во парламент, но за тоа кога и како ќе биде завршена во парламент дискусијата исто така законодавната власт е посебна и таму се спроведува врз основа на правилата кои важат за Собранието“, рече Ковачесвки.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи