Од утре почнува исплатата на ноемвриските пензии

Facebook
Twitter
Email
Print

Пензионерите од утре ќе може да располагаат со ноемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа. Готовинската исплата на пензии за пензионерите кои не користат картички ќе се изврши во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

  • за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата ќе се изврши на 29.11.2022 година (вторник);
  • за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата ќе се изврши на 30.11.2022 година (среда);
  • за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата ќе се изврши на 01.12.2022 година (четврток) и
  • за пензии со висина над 18.001 денари, исплата ќе се изврши на 02.12.2022 година (петок).

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи