ВИДЕО – Се асфалтираше патот Костинци – Долгаец во Општина Долнени

Play Video

Конечно после децении Општина Долнени го асфалтираше локалниот патен правец Костинци – Долгаец. Патот беше комплетно запоставен со години, со огромни дупки на коловозот, а возилата едвај се движеа по него. Се тампонираше целиот пат, а додека од вкупната должина од 5.85 км. се асфалтираа 2,7 км. Инвестијата е на Владата со пари обезбедени од ТАВ Програмата. Од Општината велат дека веќе биле во преговори и лобираат во Владата за да добијат и дополнителни средства и наскоро целосно да се заврши оваа делница.

„Со ова се подобрија условите за жителите од трите села Костинци, Долгаец и Маргари, а се обезбеди и посигурен сообраќај и транспорт на лица и стоки. Можност за зголемување на бројот на лица кои се враќаат од Скопје во овој регион, кaкo пензионери, но и граѓани кои сакаат да инвестираат и да започнат сопствен биснис  со земјоделство или сточарство. Со оваа инвестиција не застануваме тука, Општина Долнени ќе продолжи со инвестиции за подобар квалитет на животот и во другите населени места од општината“, велат од Општина Долнени.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи