ВИДЕО – Попоски: Јовчески да го одржи предизборното ветување и да ја намали цената на водата


Конечно, Управниот одбор на ЈКП „Водовод и канализација“ смогна сили да одговори на барањето на СДСМ и ја врати цената на водата на нивото од пред нејзиното покачување на 22 септември, истакна на денешната прес конференција Филип Попоски, член на Управниот одбор на „Водовод“.

„Тоа беше единството логично решение, откако Владата предводена од СДСМ ја намали цената на струјата за јавните претпријатија за водоснабдување и пречистителните станици на 95 евра за мегават – час. Меѓутоа, ова не е и не смее да биде конечната одлука на менаџментот на јавното претпријатие и општинската власт, по прашање на цената на водата.

Да потсетиме: Во својата изборната програма, Борче Јовчески и ВМРО-ДПМНЕ ветија намалување на сметките за вода и канализација, потенцирајќи дека тоа било реално остварливо. Од тие причини, го повикуваме градоначалникот Јовчески да го одржи ветувањето и да побара намалување на цената на водата.

Истовремено, наместо да измислува непостоечки работни места за вдомување на партиски војници и блиски роднини на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, апелираме до директорот на „Водовод и канализација“, Игор Гулабоски, јавно да ја поддржи таквата иницијатива и да му предложи на Управниот одбор да донеси Одлука за намалување на сметките за вода.

Само на тој начин ВМРО-ДПМНЕ, Јовчески и неговиот другар Игор Гулабоски ќе покажат дека ги штитат интересите и се грижат за стандардот на граѓаните на општина Прилеп.

Секоја друга одлука освен исполнување на даденото ветување и намалување на цената на водата, ќе биде уште еден доказ за лицемерието и бесрамните лаги на Борче Јовчески“, рече Попоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи