ВИДЕО – Костоски: Да се изгради фото централа за потребите на Прилеп ако веќе се издава општинска обврзница


Ние предложивме ако евентуално мора да се оди на таа варијанта за задолжување на тие средства да бидат употребени на проект на кој работиме долго време, за фотонапонска централа за која имаме точни коти, пресметки и добро разработен проект и без консултација на народот за што и во кој правец сака да се движи општината, секако дека не би се сложиле да помине тоа така само на едно мало парче хартија во последен момент предложено пред нас, истакна денеска советникот од Левица, Методија Костоски.

„Тоа што го предлагаме е голем проект така што голем дел од средствата ќе бидат вратени преку европските зелени фондови, проект кој во моментална енергетска криза и како што се цените на струјата мислиме дека е најпотребен моментално. Проект за кој имаме изработено студија, најдена е идеална локација и за на целиот Балкан би рекол, со надморска висина, обврзница која може да биде вратена од европските зелени фондови и самата ќе се исплаќа со самото произвдство на електричната енергија. Тука би напоменал дека самата таа централа би ги покривала уличното осветлување, училиштата, администрацијата, сите јавни претпријатија, пречистителната станица и дури пресметано е дека одреден вишок би останал со кој би се субвенционирала индустријата. Станува збор за проект изработен од странски куќи, предлог проект е и планираме да го објавиме јавно да можат сите граѓани да се запознаат подобро со него. Досега гледавме да не биде партиски, да го предложиме како заеднички во Советот, но не гледаме некој интерес и слух, а времето изминува и секој момент гледаме проблеми со цената, самите јавни претпријатија имаат проблеми со отплата на сметките за струја, така да мислиме дека мора да го смениме начинот на кој ќе ги презентираме овој проект, да дојде поблиску до сите граѓани. И преку разни јавни анкети би ги прашале и самите граѓани што мислат, во кој правец да се одвиваат работите со народната општина“, вели Костоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи