ВИДЕО – Костоски: Спречивме задолжување на Општината од 5 милиони евра преку обврзница за изградба на кружен тек и улица


Сакам да ги информирам граѓаните дека успеавме во нашата намера да ја блокираме предлог точката на денешната седница за издавање на општинска обврзница, со тоа што успеавме да стопираме едно големо, огромно задолжување од 5 милиони евра, тоа е речиси една четвртина од целиот годишен буџет на Општина Прилеп, истакна денеска советникот од Левица Прилеп, Методија Костоски.

„Како прво самиот предлог како одлука беше неделовнички пратен до нас советниците, во последен момент, не беше испочитуван рокот за термин во кој можеме ние да добиваме материјали и од самиот тој скандалозен старт се најавуваше дека не е нешто во ред со оваа предлог одлука. Благодарност до сите советници што најдоа сили после 3 измени на предлог дневниот ред и 1 час натегање пред самата седница, најдоа сили сите оваа штетна одлука да биде тргната од самиот дневен ред. Тука благодарност и до градоначалникот, сите се сложивме дека сега не е време да им се даде толку сила на локалните шерифи со градежни фирми што сакаа, намирисаа некој профит и екстра тендери. Тоа беше позитивната работа од оваа скандалозна предлог одлука.

Одлука беше за Општината да се задолжи со 5 милиони евра со општинска обврзница. Со една пресметка, доаѓаше како секое едно семејство во градов да биде задолжено со една месечна плата, нешто што наиде на остра реакција кај нас затоа што не беше покрената никаква јавна дебата, немаше спроведено анкета. Во самата локална програма на владеачката локална партија не беше никаде спомнато дека самите проекти ќе ги реализираат преку средства добиени од позајмици или обврзници. Но ете сепак најдовме разбирање и сите се сложивме во интерес на народот оваа штетна одлука да не стапи во сила.

Што се предлагаше со тие 5 милиони евра?

Беше предложено дека ќе се гради еден кружен тек – мост кај основното училиште Кире Гаврилоски – Јане и некоја прва фаза од реконструкција на улица што за нас беше неразбирливо толкави средства да бидат реализирани за вакви непотребни проекти кои не даваат никаков бенефит и финансиски поврат во општинскиот буџет, мислиме дека не е време за такви некои големи залаци“, рече Костоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи