ВИДЕО – Обука на млади новинари во рамки на проектот „Отворени општини со отворени податоци“ на АГТИС

Play Video

„Отворени општини со отворени податоци“ е името на новиот проект на НВО АГТИС од Прилеп кој што ќе се спроведува во рамки на 9-те општини кои гравитираат во Пелагонискиот плански регион, Битола, Прилеп, Крушево, Демир Хисар, Ресен, Могила, Новаци, Кривогаштани и Долнени. Целта на проектот е општините да започнат да бидат поотворени за граѓаните, потранспарентни и поотчетни за својата работа. Проектот финансиски е поддржан од Националниот демократски институт од САД.

Направивме проект во кој не новинари туку известувачи на заедницата како категорија на новинари изучивме и мислиме да ги продуцираме како една реална сила кои што ем ќе им помагаат на новинарите и медиумите, ем ќе се занимаваат со прашања за коии новинарите немаат време бидејќи ниту еден новинар не е доволно платен, ниту една новинска куќа нема доволно новинари кои би правеле деск истражување, би се припремиле, би оделе да ја истаражат темата ии да снимаат и да го дадат сето тоа пред медиумите. Таа технологија од дикоресподент ја зедовме за нашите простори, нормално тука треба на почетокот да бидат вклучени волонтери кои подоцна би се професионализирале“, истакна Александар Цветкоски, НВО АГТИС Прилеп.

За таа цел група на млади волонтери кои сакаа да научат дел од новинарските вештини се едуцираа како да продуцираат новинарски производ, како да ги побараат потребните информациии што им требаат и како да спроведуваат истражување. Едукатори беа Горан Величковски и Горан Ѓуровски, од познатата емисија Зевзекманија и Дарко Штаргоски долгогодишен телевиски новинар од Прилеп.

Преку интересни едукативни примери младите учеа да прават интервјуа како овој пример што може да го погледнете во видеото за тоа дека Прилеп нема кино, а тоа им е многу потребно на младите.

Младите присуствуваа и на јавната расправа на „Отворениот ден за граѓаните во Општина Прилеп“ каде се даваа идеи како да се креира општинскиот буџет за 2023 година.

Поставија и прашања до градоначалникот:

„Што за Вас претставува најпријатен, а што најнепријатен дел во вашата професија“

 „Кое е нивото на урбанизација на градот“

 „Дали Општината има младинска организација“

 „Кои надлежности Општина Прилеп ги врши за сметка на Општина Долнени“

 Се едуцираа и како се прави анкета на терен.

Која е последната спортска манифестација која се случила во Прилеп, а ве заинтересирала Вас?

 Јас сум пензионер 10-тина години и сега сум активен во Здружението на спортски ветерани на Прилеп“, одговори на прашањето еден граѓанин.

 

 „Денес е сабота, ден за пазар, дали бевте на пазар?

 Да секако.

 Како сте задоволно од цените?

 Се малку високи, ни спрема другото…

 Повисоки се од порано?

 Да, да повисоки

 Дали бидејќи се повисоки цените сега не купувате одредени продукти?

 Тоа што треба, мора да се купи“, вака течеше комуникацијата со друг граѓанин.

  

„Како го поминувате вашиот викенд, како за Вас изгледа еден викенд?

 Работно искрено да ви кажам, еден ден во неделата, прво да сработиме по дома, а потоа малку да излеземе со пријатели да се прошетаме, да испиеме едно кафе“, одговории една наша сограѓанка на прашањата од младите.

 

На крајот од обуката младите посочија што им беше најинтересно од оваа едукција и зошто сакаат да бидат новинари.

„Обуката беше за новинарство, тоа ме заинтересира и нормално теренската работа, најмногу токму дел ми се допадна, поставувањето прапања, правењето анкети, прашањата кај градоначалникот“, рече Теодора Велкоска, учесник на обуката за млади новинари.

 

 „Најголем впечаток ми остави тоа дека јас на почетокот бев поопширна, не ја најдував темата толку прецизно и сфатив дека треба повеќе да се информираме пред да прашаме нешто. Ми беше интересно тоа дека граѓаните беа доста изреволтирани за моменталната состојба за државата“, истакна Георгина Стојаноска, учесник на обуката за млади новинари.

 

 „Кај новинарството ме привлекува тоа што се работи на истражување на различни теми, се доаѓа до знаење од различни области преку тие ресурси кои ги имаме за да направиме една вест. Комуникацијата со луѓето, начинот на кој што ги добиваме одговорите и како истите ги пласираме и моќта на пласирањето што влијае врз голема маса на народ“, рече Барбара Мицеска, учесник на обуката за млади новинари.

 

 „Уште кога ми беше споменат курсот за новинарство ме привлече затоа што отсекогаш кога сум гледал телевизија, па можеби и вести, ми било интересно и сум размислувал дека можеби и јас можам да го работам тоа, луѓето те познаваат, но се разбира има и макотрпна работа зад сето тоа“, додаде Лука Смилев, учесник на обуката за млади новинари.

Проектот ќе трае 1 година е планирано е да заврши со една голема средба на универзитетите, вработените во овие општини, граѓаните и НВО секторот. Исто така проектот ќе се потруди преку лобирање на ЗЕЛС да се обезбедат повеќе средства од државниот буџет за јакнење на општините и реализирање на проекти кои им се потребни на граѓаните.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи