Winter Apricots повторно се враќа од 15-ти до 17-ти декември


Од 15-ти до 17-ти декември повторно во Прилеп ќе се организира тридневен Интернационален филмски фестивал Winter Apricots во киното Мис Стон.

„За време на фестивалот, ќе имате можност да погледнете филмови од целиот свет, како и да уживате во селекции со фокус на балканската и македонската кинематографија. Исто така, ќе имате можност да ја истражите и уметноста на танцот на големото платно.

На отварањето ќе се одржи музички концерт во киното Мис Стон, додека другите две вчери после проекциите, ќе се дружиме и забавуваме со музички сетови. Изненадувањата не завршуваат тука, и патот до фестивалот ќе понуди многу повеќе, затоа останете на оваа фреквенција и не пропуштајте не!“, велат организаторите на настанот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи