„Снежана на крајот умира“, најновиот македонски филм на Кристијан Ристески, конечно во Прилеп

Play Video

„Снежана на крајот умира“, најновиот македонски филм на Кристијан Ристески, конечно во понеделник, 12-ти декември, со почеток од 19:30ч ќе биде прикажан во Кино Мис Стон во Прилеп. Станува збор за еден модерен, тотално различен македонски филм, коj ја имаше својата интернационална премиера во јануари на фестивалот „Слемденс“ во САД, а македонската премиера на затварањето на фестивалот “Браќа Манаки“ во Битола. Филм во кој сите филмски елементи функционираат тимски во создавањето на едно возбудливо и интересно уметничко дело!

Животите на една хикикомори уметница, радио водител со Аспергер синдром, сопственик на видеотека, филозоф од пред гранапче, креативен директор и гинеколог анти-наталист се испреплетуваат низ три откачени приказни за љубов, пријателство и посветеност.

Билети се по цена од 150 денари, а продажбата е 30 минути пред проекција или резервации на 075 806 340.

Играат: Верица Недеска, Наташа Петровиќ, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Ивица Димитријевиќ, Давид Јанакиев и Тино Костадиновски.
Сценарист и режисер: Кристијан Ристески
Продуцент: Дарко Попов
Кинематографери: Димо Попов и Севдије Кастрати
Монтажер: Горан Вуќиќ,
Автори на музика: Александар Пејовски и Ставрос Макрис,
Сценограф: Сашо Блажевски,
Изработка на костими: Емилија Ивановска-Атанасовска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи