Честитка на градоначалникот Борче Јовчески за големиот христијански празник – „Св. Климент Охридски“


Во мое лично име и во името на Општина Прилеп на сите православни христијани и на сите наши сограѓани им го честитам  големиот христијански празник – „Св. Климент Охридски“ и им посакувам многу здравје, среќа и бериќет.

Светиот Климент Охридски е длабоко врежан во македонската историја, тој е еден од најистакнатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј и првиот македонски архиепископ. Творец е на познатата Охридска книжевна школа, позната и како Прв универзитет на Балканот и е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог.

Неговото духовно и книжевно дело е трајно врежано во историјата на Република Македонија и македонското културно наследство. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња,  тој станал заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет.

Нека е вечен споменот за свети Климент Охридски и за неговото дело!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи