Писателот и антрополог Бојан Бежоски од Македонски Брод, денес во основните подрачни училишта во селото Манастирец и во Самоков – општина Македонски Брод, подари книга за секое дете.
Поетот овој гест го направи на сопствена иницијатива, бидејќи и децата од руралните средини заслужуваат внимание и почит. Книгата е единствениот начин да се дружиме и да шетаме на места каде што никогаш не сме биле. Воедно, читајќи книгите се збогатува и вокабуларот на човекот.
Неговата иницијатива беше прифатена од наставниците по македонски јазик и литература во овие училишта, Христина Трпческа и Васе Силјаноски.
128