Прилепчанецот Михаил Шапчески освои бронза на Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки во Колумбија

Play Video

Прилепчанецот Михаил Шапчески, ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“- Скопје, освои бронзен медал на Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки која се одржа од 2 до 12 декември во Богота, Колумбија. Шапчески е само еден од 4-ицата Македонци кои исто така освоија бронза на Олимпијадата меѓу кои: Искра Нечаковска, ученичка во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“- Битола, Теона Ана Георгиевска, ученичка во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје и Даниел Христов, ученик во прва година во СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип.

На олимпијадата успешно се претставија и учениците Марко Серафимовски, ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“- Скопје и Олег Трајковски, ученик во прва година во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола.

Секој ученик се натпреваруваше сам за себе по предметите физика, хемија и биологијата, а натпреварот се состоел од три дела: 1. Теоретски прашања 2. Решавање задачи и 3. Експерименти. Само за третиот, експериментален дел, учениците биле екипирани.

 

 

 

Инаку Михаил Шапчески, заврши основно училиште во ООУ „Кочо Рацин“, како првенец на генерација, а сега е прва година во Јахија Кемал во Скопје. Неговото одење во Колумбија на оваа Меѓународна јуниорска олимпијада го помогнаа А.Д. Витаминка Прилеп, Општина Прилеп и Агенција за млади и спорт. Но за жал како и во многу вакви случаи така и сега државата, односно МОН немаа голем слух за ваквите таленти кои ја претставуваат Македонија во странство. Родителите и професорите се доведоа во ситуација сами да бараат спонзорства за да може учениците да заминат во Колумбија, наместо сите трошоци да ги покрие државата.

Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ), во соработка со Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) и Македонското биолошко друштво (МБД) им го честитаат овој големи успех на нашите ученици.

„Се заблагодаруваме на сите оние кои дадоа придонес во организацијата на општинските, регионалните и државните натпревари по физика, хемија и биологија, на двата селекциони натпревари преку кои беше избран тимот. Покрај тоа, им благодарат на сите колеги од Институтите за физика, хемија и биологија кои одвоија значителен дел од своето слободно време и го посветија на подготовките кои се организираа од почетокот на септември до крајот на ноември во просториите на ПМФ Скопје“, велат од друштвото.

Водачите на олимпискиот тим беа проф. д-р Боце Митревски од ДФРМ, проф, д-р Методија Најдоски од СХТМ и м-р Лозенка Иванова од МБД.

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи