Се запали ауди А3 на ул. „Александар Македонски“ кај излезот од Прилеп


Околу 18.00 часот попладнево се запали ауди А3 со скопски регистарски ознаки на ул. „Александар Македонски“ кај излезот од Прилеп, во близина на бензинската пумпа на Макпетрол.

Веднаш на терен од страна на ТППЕ е излезено со 4 пожарникари и едно возило. Кога пристигнале пожарникарите возилото веќе било во пламен, а опасноста била уште поголема бидејќи на него него бил монтиран и систем за плин. Но и покрај опасната ситуација и можноста да дојде и до експлозија, професионалналноста на пожарникарите придонесла пожарот да биде изгаснат за многу кратко време.

 

На терен излегле и екипи на МВР и Итната помош од Прилеп. Според првичните и се уште непотврдени информации, со мали повреди се здобиле 2 лица кои се префрлени во општата болница.

Патот бил блокиран околу околу 45 минути, а движењето на возилата го регулирала полицијата.Веднаш по извршениот увид сообраќајот е вратен во нормала. Причините за тоа како дошло до пожарот засега не се знаат.

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи