ВИДЕО – Тутунот се откупува само во прва класа затоа што го нема, до Нова Година ќе се откупи целото производство


Тутунот оди како алва и засега се откупува без никакви проблеми. Според државниот земјоделски инспекторат досега биле откупени 15,5 милиони килограми на тутун по просечна цена од 285 денари. Оваа поволна ситуацијата за тутунарите се должи пред се на тоа што нема тутун и откупувачите се борат да откупат колку што можат повеќе од тутунот кој го има. Беа потпипани договори на околу 26 милиони килограми, а во државава според тутунарите годинава родот тежел само околу 19 милиони килограми.

„99% тутунот се зема на прва класа и досега немало никакви забелешки околу откупот. Ние ова го најавуваме уште пред почетокот на откупот дека оваа година нема доволно тутун и фирмите тоа го сфатиија и секој за да џеме повеќе плус тутун тие  направија целиот тутун да се цени на прва класа“, изјави Менде Стомнароски, претседател на Сојуз на земјоделски здруженија.

Се очекува откупот да заврши до крајот на годинава што досега се нема случено. Но тутунарите вечат дека младите за жал повеќе не сакаат да го садат поради нестабилните цени. Иако годинава цената била 300 денари сепак не ги покривала   трошоците.

„Нема тутун, младите избегаа, ние сега нашава генерација истануваме. Тутун нема, иако министерот велеше дека ќе имало 1 милиони килограми повеќе годинава нема да има над 17 или 18 милиони килограми, ќе заврши пред време откупот и заради тоа е вака. Ќе го садиме уште ниие што сме ова генрација ниту за пензија, ниту може да најдеме работа, а младите не. Ние ќе го садиме уште 4-5 години“, рече Љупчо Танески, тутунар од Прилеп.

Тутунарите прашуваат дали секогаш треба да садат помалку за да добијат донекаде добра цена или конечно ќе се регулира пазарот на тутун кај нас. Затоа што под ваквии услови нема да има зголемено производство и развој на оваа гранка.

„Ние како Сојуз веднаш после завршувањето на овој откуп, пред почетокот на наредбата реколта, ние ќе седниме со сите фирми, ќе преговараме и ќе бараме да се покачи цената, за да може да се зголеми тутунопроизводството и од наредна година да имаме отприлика едно рентабиилно производство со цена што ние како тутунопроизводители заслужуваме да ја добиеме“, додаде претседателот на Сојузот на земјоделски здруженија, Менде Стомнароски.

Со регулирање на цената на тутуот кон негово производство повторно би се вратиле и оние земјоделци кои сега разочарани го напуштаат или ги намалуваат количините.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи