ВИДЕО – Акутните вирусни респираторни инфекции со слични симптоми на грип косат во Прилеп

Play Video

Акутните вирусни респираторни инфекции со слични симптоми на грип косат во Прилеп. Најмногу се погодени децата од 0 до 6 години, како и училиштата каде се случува во некои класови да само по некоку деца. Според Центарот за јавно здравје од овој град бројот на пациенти кои ги имаат овие вирусни заболувања е покачен бидејќи оваа зима има преклопување на сезоната од ковид, грип и на останати вирусни респираторни инфекции. Овие заболувања имаат слични симптоми и нивно докажување е можно само со лабораториско испитувања.

„Значи во редовниот систем за надзор на заразните заболувања ние ги следиме заболувањата грип или заболувања кои личат на грип, но ги следиме и двете групи на респираторни вирусни инфекции како акутните респираторни инфекции на горните дишни патишта и акутните респираторни инфекции на долните дишни патишта. Според податоците од системот за надзор во Прилеп од почетокот на ноември бележиме пораст на приијавените случаи на акутните респираторни инфекции како на горни така и на долни дишни патишта“, изјави Татјана Станимировиќ, раководител на епидемиологија во Центар за јавно здравје Прилеп.

И матичните лекари вечат дека притисокот врз нив во последниот период е многу зголемен токму поради овие акутни вирусни респираторни инфекции.

„Има наплив на вирусни инфекции со температури, кашлици, зголемен е бројот и на возрасни, а посебно на деца кои одат на училиште. Притисокот врз амбулантите е голем. На пациентите може да им порачам да земаат витамини, парацетамоли, на вирусот антиибиотик не делува, така што треба да има повеќе домашна нега и одмор“, вели Д-р Рената Керпичоска, матичен лекар.

Во Македонија од почетокот на сезоната, односно месец октомври имало регистрирано 209 заболувања на грип и според досегашните бројки активноста на грипот била со низок интензитет и спорадична раширеност низ државата.

„Оваа година грипот започна нешто порано, обично првите случаи се регистирале кон крајот на месец декември, а најголем број на заболени во претходните сезони пред пандемијата со ковид сме ги имале кон крајот на месец јануари и февруари. Кај нас во Прилеп пријавени се досега само 19 случаи од заболувања на грип и заболувања слични на грип, најмногу се во возрасната група од 15 до 64 години. Значи грипот допрва се очекува во текот на наредните месеци“, додаде Станимировиќ.

Според Центарот за јавно здравје грипот допрва треба да го достиген својот пик во Македонија, а тоа се месеците јануари и февруари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи