ВИДЕО – Прилеп ја одбележа градската слава, в година домаќин „Комфи Ангел“

Play Video

Со Литургија и прережување на славскиот колач кај параклисот во центарот на градот Прилеп денеска по 16 пат ја одбележа својата Градска слава Свети Никола. Годинава домаќини беа од градежната компанија „Тера Кота“, а за идната година домаќин се пријави да биде компанијата „Комфи Ангел“ од и нејзината менаџерката Ирена Јакимоска. Беа испратени пораки за мир, љубов и конечно наше сплотување како народ.

Да се обединиме, да заборавиме на антагонизмите, да ги заборавиме и да ги оставиме суетите на страна, заради тоа што само обединети и заедно можеме да го оствариме сонот Прилеп да стане еден од најубавите градови за живеење во Република Македонија“, рече Гордан Бошкоски, годинашен домаќин на славата.

 

„Сите заедно да продолжиме да живееме со верата во Господ, да живееме со надеж за подобро утре и подобра иднина и за остварување на сите нашии желби“, истакна Коста Тошески, годинашен домаќин на славата.

 

„Овој град знаел да покажи дека се сакаме помеѓу себе и покрај тоа што знаеме да бидеме некогаш сурови. Едно треба да запамтите, ние сме оние кои ја правиме традицијата, традицијата е она што го кажа нашиот градоначалник, што не поистоветува со нас и затоа сме ние кои можеме да обезбедиме континуитет на традицијата во името на оние кои доаѓаат после нас“, кажа Ирена Јакимоска, иден домаќин на славата.

Беше порачано тоа дека Прилеп е особено горд на тоа што е достоинствен чувар на нашата историја и традиција.

Традицијата преставува идентитет на секоја држава, што нас не прави горди како прилепчани, е токму ова, чувањето и негувањето на вистинските вредности, верата, традицијата и историјата“, истакна Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

За прилепчани пак ова е еден од најзначајните денови во годината.

„За многу години да ни е празникот, вака секогаш да го славиме празникот весели и радосни и мир да има во светот“, рече еден граѓанин.

 

„За мене овој ден е нешто свето, барем јас така си го замислувам, за друго незнам“, вели една граѓанка.

 

„Заштитник на градот е овој празник, овој светител. Заштитник од лоши работи“, вели трет граѓанин.  

Како и секоја година за сите присутни домаќините обезбедија и посна трпеза, која им се делеше на граѓаните на плоштадот Александрија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи