ВИДЕО – КБ Прво пензиско друштво донираше креветчиња, душеци, постелнина и играчки за прилепските градинки


КБ Прво пензиско друштво во соработка со амбасадата на Словенија во Македонија донираа 10 бебешки креветчиња, 10 транспортни креветчиња, душеци, постелнина и играчки за градинките „Наша Иднина“ од Прилеп. Предавањето на донацијата беше во градинката „Гоце Делчев“.

„Ние добивме пред околу 3еден месец, до нашата амбасада, едно барање од оваа градинка, со еден убав цртеж од дрцата за некоја помош, ние веднаш исконтактиравме некои словенски компании и ние сме премногу задоолни што КБ Прво пензиско друштво веднаш ја прифатии таа наша иницијатива и сакам да им се заблагодарам за оваа нивна одлука со која придонесуваат за подобар стандард на децата во оваа градинка“, истакна Милан Предан, амбасадор на Словенија во Македонија.

 

„Денеска ми е задоволство да ги видам овие задоволни лица, како од страната на персоналот, така и од страната на децата. Тие насмевки зрачат посебно во овој период пред Нова Година. Ние како општествено одговорна компанија ја видовме потребата, се јавивме на иницијатовата на словенската амбасада и сакавме да направиме нешто дополнително за заедниицата“, изјави Весна Стојаноска, директорка на КБ Прво пензиско друштво.

Од Општина Прилеп и градинките „Наша Иднина“ изразија благодарност за оваа донација, како и надеж дека оваа соработка ќе продолжи и понатаму.

„Во оваа прилика му се заблагодарувам на амбасадорот на Словенија во Македонија како и на компанијата КБ Прво пензиско друштво за оваа донација. Во оваа прилика сакам да им го честитам и празникот Божик, а воедно и денот на незавноста на Словениија 26 декември. Се надевам дека нашето дружење и соработка со народот на Република Словенија само ќе се продлабочувва“, кажа Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

 

„Вработените во детските градинки секојдневно се грижат и придонесуваат за правилниот детски развој во предучилишна возраст. И нормално дека ние се вложуваме целосно во тоа со нашето битие, заедницата треба да ни помага да ги подобриме условите и во оваа прилика сакам да се заблагодарам на одговорот на нашиот повикот на словенечката амбасада и КБ Прво пензиско друштво“, изјави Христина Трпческа директор на градинки „Наша Иднина“ во Прилеп.

Од градинките упатија и апел овој пример да го следат и други општествено одговорни компании и да помогнат во подобрувањето на условите за престој и едукација на дечињата во прилепските градинки.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи