ВИДЕО – Капацитетите во Крушево за Новогодишните и Божикни празници исполнети над 90%


Сместувачките капацитети во Крушево за претстојните Новогодишни и Божикни празници до овој момент се исполнети над 90%, остануваат само уште малку слободни места за оние кои сакаат да дојдат тука. Кога на овие бројки ќе се додадат и крушевчаните кои живеат надвор од овој град, а за празниците се враќаат дома, Крушево во наредните 30-тина денови ќе биде претесно да ги прими сите заинтересирани. Издавачите на соби велат дека некои капацитети биле резервирани уште од октомври.

Скоро 90% од капацитетите се исполнети од пред месец и пол. Крушево е град со душа, топол град, град со љубезни домаќини кои секогаш знаат како да ги пречекаат гостите, а секако тука се знаменитостите, Спомен куќа на Тоше“, истакна Леонора Ташкоска Крстеска, сопственик на апартмани.

 

Сите сместувачки капацитети според моја информација и искуство се преполни. Прво нудиме чист воздух, сме на надморска висина која одговара за најголем дел од луѓето, имаме добар рекреативен ски центар кој нуди нови содржини како зиплајн, има доста добар ноќен живот“, додаде Мишко Христоски, сопственик на апартмани.

И крушевчани очекуваат голема раздвиженост за празниците. Горди се со убавините кои ги поседуваат, а кои привлекувата гости од секаде.

Очекуваме малку раздвиженост бидејќи сега е некако мртва сезона, така и ние малку да се осетиме со гости, тоа е најважната работа за нас“, велат крушевчани.

Од Општината велат дека ќе организираат богата програма, но само преку денот, за да не им направи штета на угостителите.

Секако Општината без да му прави штета на приватниот сектор и сите оние давачи на локални услуги тука во Крушево ќе организираме само преку ден, ќе ги опфатиме децата од најмала до најголема возраст, средношколците, гимназијата, Домот на културата, средното училиште организираме најпрво базар тука во Крушево, бендови, диџеи“, вели Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

За да целосно се комплетира оваа убава бајка недостасува само уште снег кој ќе внесе дополнителна магија во празничните денови.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи