Пакетчиња за децата со оштетен вид од Скопје – Преспанскиот Херој продолжува со хуманата мисија

Play Video

Кога ќе сретнеш некој да неможе да оди, подај му ја раката. Со помош на твојата рака ќе прооди. Кога ќе сретнеш човек да не гледа, принеси му го светот во дланките со зборови. Опиши му се што има околку него, така ќе прогледа, вели Преспанскиот Херој, Васил Јанкула, кој денеска продокжи со својата хуманитарна мисија и им подели новогодишни пакетчиња на децата од Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ од Скопје.

„Ја отворија мојата душа, ми ја стоплија со толку многу љубов. Ги проголтував солзите од радост, несакав да ги покажам. И јас сум дел од нив, делиме слична судбина. Паѓаме, но за брзо стануваме и сме поцврсти од карпи. Понекогаш мислиме колку што ние имаме љубов за сите, ќе ни биде со иста мера возвратена. Ама суров е животот, кога ќе ни го завртат грбот. Благодарност до директорот и до сите вработени во ова училиште што овој ден ми го направија незаборавен. Благодарност до сите вас кои дониравте за децата. Заедно со „Иднина на традицијата“ израдувавме 50 деца, 50 деца, 50 желби до сите вас“, вели во емотивната порака Васил Јанкула.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи