Се уште трае потрагата по исчезнатиот Киро Пупуноски од Крушево

Од 9 часот утринава продолжи потрагата по 64-годишниот Киро Пупуноски од Крушево.

Како што информира Центарот за управување со кризи се планира потрагата да продолжи кон шумските појаси.

„Регионалниот ЦУК Крушево е во координација со сите екипи од институциите и редовно добива информации“, велат од ЦУК.

Семејството бара помош и од граѓаните кои можеби некаде ќе го сретнат пензионерот Пупуноски, кој боледува од деменција.

„Роден е на 20 март 1958 година. Се вика Киро Пупуноски, а ова е неговата фотографија. Киро е пензионер, а последниве 3 години боледува од деменција. Секоја корисна информација да се сподели со ќерката Билјана Чонеска од Крушево“, велат од семејството Пупуноски.

Потрагата по исчезнатото лице трае во континуитет од самото пријавување во МВР во четвртокот, на 22.12.2022 година, но лицето сѐ уште не е пронајдено.

„Во вчерашната потрага учествуваа 15 полициски службеници од ОВР Крушево, 14 војници од АРМ со 1 куче трагач, 7 пожарникари од ТППЕ Крушево, Регионалниот РЦУК Крушево со 4 лица вработени, ПО ДЗС со 3 вработени, екипа од Шумска полиција 2 со 1 возило и околу 20-тина граѓани доброволци. Повторно се пребаруваа сите околни места, шумските појаси, низинските места и селските населени места (колиби, напуштени куќи, штали). Екипите од МВР и ТППЕ Крушево се повлекоа во 15:30 часот, а Армијата во 17:00 часот“, информираа вчера од ЦУК.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи