ВИДЕО – Проданоски: Водовод во Канатларци, нова катна гаража, бесплатен оброк за првачињата, зголемување на сметките за улично осветлување

Play Video

170.000.000 денари од буџетот за 2023 отпаѓаат на капитални расходи, што би значело дека оние проекти кои ги ветивме, имаме обезбедено средства за 2023, истакна претседателот на советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.

Со почетокот на Новата Година започнуваме со нивна актовна реализација, би ги споменал, долгоочекуваниот проект за водовод во селото Канатларци, почнуваме после Нова Година со целосна реализација на тој проект, потоа има средства за иизградба на катната гаража и она што како најголемо зафаќање од средствата на граѓаните беше ставено во развојна 3 годишна програма тие се 120 милиони денари кои се ставени во буџетот за следните 3 години за реконструција и рехабилитација од над 50 улици или 68.000 м2 површини во градот“, рече Проданоски.

Ќе имало воведување и на некои новини.
„Воведуваме една новина, обезбедени се пари од блок дотации, она што го вети градоначалникот во предизборната кампања и ние како советници од следната година секое прваче ќе добива бесплатен оброк, останува програмата за субвенционирање за купување на велосипеди, останува исто така сувеционирањето на сметките за вода на социјално ранливите категории граѓани и она што од лани го воведивме како новина давање на пари за првородено дете со што сакаме дополнително да го стимулираме прирастот во нашата Општина. Овие се вака генерално одлуки кои ги донесовме. Морам да кажам дека донесовме и една непопуларна одлука, зголемени сметки за јавно улично осветлување. По одлука на Владата, која е донесена во месец ноември, се донесе одлука да му се одземат броилата за јавно осветлувавње на ЈП „Енерго Прилеп“ на кое што му беа дадени кое имаше повластени услови за плаќање на енергијата за уличното осветлување, а со тоа Општината заштеди над 200% во воие неколку месеци. Се прават напори оваа одлука да се смени и преку ЗЕЛС, но заради да не става Општината во ризик ние преминавме на ваков непопуларен чекор. И морам да потенцирам дека со ова се прави сериозен зафат врз сметките од граѓаните кои ќе бидат сега повисоки далеку од сегашните“, додаде Проданоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи