20 години ЗРВО од 2001 и 2002 – бранителите и по 2 децении со голем број нерешени прашања и проблеми


Здружението на резервни воени обврзници од 2001 и 2002 година, поточно сите ние одбележуваме 20 години постоење, 20 години активна работа, 20 години посветеност на нашата идеја, чување на традициите, на интегритетот и суверенитетот на нашата земја, нашата татковина, истакна претседателот на ова здружение Рубин Секулоски, при своето обраќање по повод 20 годишнината од формирањето на ова прво вакво Здружение во Македонија.

„Поминавме 2 децении заедно! Останавме исправени во битката за зачувување на интегритетот и суверенитетот на нашата државата. Секогаш на готовс, да се чува и штити државата. Да се чуваат и штитат највисоките државни интереси. Не штедејки се себе си. Никогаш во дилема, никогаш со сомнеж! Секогаш исправени пред знамето, грбот, со длабок поклон, секогаш во заштита на границите, на својот народ, на се што значи вредност, исправени кога се работи за татковината. Ќе речете дали нешто добивме за возрат? Добивме! Чест и лице! Образ! нашата совест и свест, нашите заложби искрени и чисти, ги оставаме во аманет на нашите деца, на идните поколенија“, рече Секулоски.

 

Секулоски уште еднаш потсети дека и по 2 децении државата остави отворени и нерешени голем број прашања порзани со бранителите.

„Точно  е дека многу социјални прашања на нашите членови останаа отворени. Се уште како членови и здружение ја водиме битката, за да им објасниме на институциите, дека во редот на овие чесни бранители има граѓани на кои не им се решени елементарните прашања и проблеми. Правото на достоинствена работа, право на пристоен дом, згрижени деца, се уште наши членови се борат со одредени здравствени проблеми. Се справуваат со последиците од воениот конфликт или војна. Се обидуваат да го продолжат животот, без пари да ги платат обврските кон државата, за лекување. По 20 години остана отворено и прашањето: што всушнст се случи во 2001 година: воен конфликт или војна? Зошто не го добивме статусот на борци? Зошто никој не ги слушна нашите барања, да добиеме соодветен надомест од државата како борци? Зашто сите знаеме дека ние, заедно со сите учесници во конфликтот, сите кои загинаа на Карпалак и каде уште не во оваа држава, тие две тешки години од нашата историја, 2001 и 2002 година, ние стоевме на браникот на слободата, во одбрана на државата! И логично е да очекуваме и ние и нашите семејства, нашите деца, и нашата држава, институциите на нашата држава да се погрижат за нас, зашто ние немавме компромис со татковината. и нема да имаме. Татковината е наш аманет од нашите татковци и дедовци! Но и државата треба да води сметка, да се грижи за нашите права и интереси!“, истакна Секулоски.

На крајот Секулоски порача дека испраќаат порака дека ако затреба повторно ќе ја чувааат и бранат Татковината во сите темни бури и невремиња.

„На крајот на оваа година, да ви посакам среќа, радост, здравје, вам и на вашите семејства. Нека не има следната година помногуборјни и од семејствата чии членови – бранители не напуштија веќе. Оддавајќи им почит на сите нив, и со ветување дека ќе ги продолжиме традициите на чесни и посветени бранители, ви посакувам среќна и берикетна нова година“, потренцираше Секулоски.

На крајот на ова одбележување на дечињата на членовите на Здружението на резервни воени обврзници од 2001 и 2002 година им беа поделени новогодишни пакетчииња во просториите на Здружението.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи