ВИДЕО – Новогодишно обраќање на градоначалникот Борче Јовчески


Почитувани мои сограѓани, пред нас е најубавиот период во годината. Се ближат празничните денови, Новогодишните и Божиќните празници. 2022 година, беше година полна со предизвици за сите нас, соочени со економска, политичка и енергетска криза, сепак вложивме многу труд, енергија и максимално искористување на расположливите потенцијали со цел да ги реализираме потребите и барањата на граѓаните, како и да ги исполниме нашите ветувања.

 

Почитувани мои сограѓани, Ви посакувам добро здравје, среќна, просперитетна и бериќетна Нова 2023 година!

Posted by Борче Јовчески on Петок, 30 декември 2022

Предизвици секогаш имало и ќе има. Но со посветеност, разбирање и чесна работа, ќе се потрудиме, со заедничка сила да ги пребродиме, а од нив да го извлечеме само најдоброто.

Поддршката која што ја добивам од Вас, граѓаните, како и од моите соработници и советниците на Советот на Општина Прилеп, е мојот единствен мотив да продолжиме кон остварување на целта, а тоа е Прилеп да го направиме поубаво место за живеење за сите.

Празничните мигови носат светлост во секој дом , хармоничната атмосфера на претстојните празници нека донесе топлина во срцата. Ви посакувам благосостојба, спокој и мир во вашите домови. Да шириме радост, среќа и љубов. Во новата година да продолжиме сплотено и да ја развиваме нашата општина.

Ви посакувам добро здравје, среќна, просперитетна и бериќетна Нова 2023 година!

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи