ВИДЕО – „Иднината е она што го правиме денес“ – новогодишен хепенинг на амбуланта „Десоски“ од Прилеп


„Иднината е она што го правиме денес“ – беше мотото на денешниот настан кој го организирашпе амбулантата Десоски од Прилеп, каде пак Дедо Мраз на голем број дечиња од Прилеп, од различни категории им подели новогодишни пакетчиња. Но овој пат во секое пакетче освен чоколадии, слатки работи, сокчиња и грицки имаше и разни витамини сирупчиња за имунитет. Донатори на овие суплементи биле  Алкалодид, Крка, Белупо, Фарма Нова, Интеса, Проспан и други.

„Овој настан како и претодните што ги организиравме во текот на годината, во училиштата од нашиот град, каде што ги едуциравме дечињата дека превентивните прегледи се она што тие треба да го прават, дека амбулантата не претставува место кое треба да го посетуваме само кога сме болни. И дека ни е потребен лекар за да не лекува. Целта на овој настан е да му доловиме на дечињата дека здравствената установа не е место за болка и тага, таа не е место каде што треда да доаѓаме само кога имаме некој здравствен проблем, дека здравствената установа е место кое може да ни пружи љубов, топлина, среќа и радост, дека е место каде ние како здравствени работници можеме да им помогнеме на дечињата и нормално да ги повикаме да се забавуваат заедно со нас. Целта на овој настан ни е секако децата да се ослободат од стравот на белиот мантил, да се ослободат од стравот од доаѓањето тука, бидејќи знаеме дека постарите им велеле дека амбулантата е казна за нивните немирни деца и им велат дека ако не се мирни ќе ги донесат тука. Ние сакаме да го направиме токму спротивното, да ги едуцираме сите дека лекарот и сите здравствени работници се лица кои пружаат љубов, топлина и кои им помагаат на децата и кога се болни и кога се здрави“, велат од амбуланатата „Десоски“.

Настанот беше поддржан и од локалната самоуправа на Прилеп. Од амбулантата „Дескоски“ се надеваат дека овој настан ќе остане традиционален.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи