Во 04:22 минути се роди првото женско бебе во Прилеп во новата 2023 година. На мајката Емилија Златеска ова и е второ дете. Бебето е тешко 3.150 гр и 50 см должина.
„Пресреќна сум што во Новата Година го добив најубавиот подарок, премногу сум задоволна од целиот медицински тим кој што работи тука, навистина се посветени и професионални, посебна благодарност до докторката Билјана Кржеска, благодарение на нив јас и моето бебе сега ме добри. Самиот чин на пораѓање помина одлично. Благодарам и на сите ви посакувам Среќна Нова Година и многу успеси и да има уште многу бебиња здрави и живи“, рече Емилија Златеска, мајка на првото бебе во 2023 во Прилеп.
„Првото бебе во Новогодишната ноќ е бебето на Емилија Златеска. Се роди во 04:22 минути. Бебето е тешко 3.150 гр и 50 см должина. Ова бебе е второ дете во семејството Златески, породувањето помина одлично, спонтано породување, имаме здрава мајка и здраво бебе и сме среќни што тоа заврши успешно“, истакна Билјана Кржеска, специјалист гинеколог.
„И честитаме на мајката Емилија што на свет ни го донесе ова прекрасно девојче Христијана, тоа значи дека ќе имаме бериќетна година и и посакуваме и на Христијана и на мајката радост среќа, здравје, се најубаво во новата 2023 година. Брзо да закрепне и да се видиме повторно надвор од болницата“, потенцираше градоначалникот Борче Јовчески.
„Да е здраво и живо новороденото бебе девојче, да сте среќни целата фамилија, Среќна Нова Година и за перрсоналот и огромна благодарност до него. Посакувам да имате полни раце работа, да имате среќни мајки и многу детски плач во овие простории“, рече Кети Смилеска, директор на Општа болница Прилеп.