По 15 пат во Прилеп, во организација на хуманитарната организација Св. Никодим Тисмански и Прилепски, која функционира во состав на црквата „Св. Благовештение“ се организираше Божикната хуманитарна акција. Како и повеќе години наназад и годинава беа приготвени 140 пакети со прехрамбени производи и хемиски средства кои ќе им бидат донирани на социјално загрозени семејства. Производите за овие пакети се купија од донациите што граѓаните во изминативе 3 недели ги оставаа во посебни кутии во 4-те православни храмови во Прилеп.
Од овие 140 пакети околу 35 ќе бидат поделени во прилепските села, а околу 105 пакети во градот. Бројот на семејства на кои им било потребна ваква помош за жал секоја година бил се поголем и поголем.
Ваква голема хуманитарна акција се организира и за празникот Велигден. Инаку хуманитарната организација Св. Никодим Тисмански и Прилепски функционира преку целата година и им помага на голем број социјално загрозени семејства, семејства на кои се потребни пари за лекување, операции во странство и слично.
149