Во текот на денешниот ден група на ентузијасти се организираа да направат спасување на мало куче од расата загар-балканец – ловно куче, кое веќе неколку дена беше заглавено во тесен процеп кон патеката за манастирот Трескавец, поточно место викано „Над спилата“.
„Кучето е забелезано случајно како лае и бара помош, но не се знаеше и не се гледаше каде е точно. Денеска се организиравме и се упативме кон местото. Кучето е успешно спасено. Ги замолуваме сите да се сподели оваа информација со цел да се пронајде сопственикот на кучето. Кучето моментално се наоѓа и го згрижи Филип, контакт со него +389-077-891-867, се со цел побрзо информирање на сопственикот“, вели Дарко Неданоски, еден од спасувачите на кучето.
141