Распоред на богослужби за Божиќните празници при храм „Свето Благовештение“


Распоред на богослужбите за Божиќните празници при храм „Свето Благовештение“:

– Св. Наум – Четврток (05.01.2022) утринска празнична Богослужба со Златоустова литургија со почеток во 07.00 часот

– Бадник – коледе – Петок (06.01.2022) Царски часови со Василиева литургија со почеток во 07.00 часот.

– Рождество Христово – Божик – Сабота (07.01.2022) утринска празнична Богослужба со Света Златоустова литургија со почеток во 07.00 часот. Секое дете, кое ќе ја посети црквата ќе ја добие книгата Библија за млади.

– Собор на Пресвета Богородица – втор ден Божик – Недела (08.01.2022) утринска празнична Богослужба со Света Архиерејска Златоустова литургија со почеток од 07.00 часот. Чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит г. Петар.

– Св. Првомч. и архиѓакон Стефан – Понеделник (09.01.2022) утринска празнична Богослужба со Света Златоустова литургија со почеток во 07.00 часот.

Нека Рождеството Христово, донесе здравје, мир и спокој во сите православни домови во нашиот град Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи