ВИДЕО – Во Прилеп и Крушево недостасуваат активности кои ќе овозможат поголемо вработување на жените


Еднаквиот третман на мажите и жените во општетсвото треба да биде главната насока кон која треба да се стремат сите власти во државава, но тоа за жал не е секако така. Според истражувањето кое го направиле Finance Think општините Прилеп и Крушево малку внимаваат за вградување на овој родов концепт при планирањето на локалните активности. Недостигаат активности кои би ја подобриле улогата на жената во општеството, а пред се тоа е можноста жената да се најде на пазарот на труд.

Потребни се дополнителни капацитети во детските градинки, особено во општина Прилеп каде е голем бројот на деца кои не се згрижени поради недостиг на слободни работни места, што од друга страна пак влијае врз деактивација на еден од родителите, најчесто мајките да мора да се грижат во својот дом за своето дете и со тоа да бидат неактивни на пазарот на труд. Домови за стари лица, бидејќи и тие влијаат во иста насока како и детските градинки, односно женските членови кои мора да се грижат за стари и изнемоштени лица најчесто се спречени да бидат активни на пазарот на труд“, истакна Деспина Туманоска, програмски координатор.

Пречка за вработување на жените во овие средини претставува и тоа што во голем дел од училиштата нема обезбедено продолжени престои, со што повторно заради чување на децата, жените не можат да најдат работа, а исто така и немањето соодветен јавен транспорт.

Родителите, најчесто мајките мора да се грижат за децата пред и позавршување на училишните часови и со тоа се спречени да бидат активни на пазарот на труд. Понатаму, воведување на јавен превоз во и до руралните места, бидејќи недостигот на оваа услуга ги спречува жените кои живеат во руралните населени места да дојдат во градот каде условите и можностите за вработување се многу поголеми во однос на нивните места на живеење“, додаде Туманоска.

Проблем за родовата неедваквост која била потенцирана од страна на анкетираните жени бил и проблемот со кучињата скитнции кој го има во двете општини, малиот број на паркови каде може да се помине дел од денот со децата, и немањето доволно пешачки патеки, кои се претворени во паркинзи и е оневозможено туркање на колички од страна на мајките со мали деца. Сите овие забелешки се испратени до двете општини за да се имплементирата во нивните програми во 2023 година.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи