ВИДЕО – По 2 години пауза со над 100 деца повторно „Бадникови поворки“ во Прилеп

Play Video

По 2 годишна пауза повторно се организираат бадниковите поворки во Прилеп. Целата манифестација е под организацијата „Бадникови поворки“ од Скопје. Според организаторите овие дечиња кои ќе бидат дел од поворките ги симболизирале ангелите, оние кои го најавуваат Христовото раѓање. Како што самите ангели кога се родил Христос најавиле „Радувајте се, слава на Бога во висините“, така и овие дечиња ни преставуваат радост и ни кажуваат да се радуваме за раѓањето на вечниот Бог.

„Оваа година имаме повеќе од 100, денес на последната проба се пријавија, а утре со самата поворка очекуваме да ни се приклучат уште повеќе, така да покануваме кој е во можност да присуствува, да не гледа и да ни се приклучи на самата поворка. Започнуваме од тука кај камената бина во 10 часот, ќе присуствува и градоначалникот на општина Прилеп господинот Борче Јовчески. По приредбата и песничките кои ќе ги кажат дечињата тука продолжуваме низ старата чаршија, од тука се враќаме повторно тука кај камената бина и продолжуваме кон најблискиот храм, односно црквата „Св. Кирил и Методиј“, кај нас позната како Параклис.

Денеска имаме план да поминеме и да ги известиме сите дека утре во 10 часот започнуваме со поворката, за да може да биде што е можно помасовно, да се радуваме сите и со радост да го дочекаме христовото раѓање. Со дечињата воопшто не е тешко да се работи, многу се радуваат и мислам дека со нетрпение очекуваат да се случи настанот. Ги спремаа песничките, ги учеа и дома и многу од родителите зборуваат дека дури и во маркет и дома и секаде каде што одат си ги пеат песничките. Се спремавме околу 3 недели, имавме и 2 работилници за изработка на ѕвездичките, вклучение беа во се, неколку родители помагаа за спремање и на бадникови колачи, така да спремни сме и утре со радост да си прославиме“, вели Катерина Лефкоска, „Бадникови поворки“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи