На 04.01.2023 во ОВР Прилеп, Р.М.(40) од Прилеп, вработен во Шумска полиција, пријавил дека додека бил на служба со колеги во атар на с.Царевиќ, прилепско, затекнале патничко моторно возило џип – „сузуки“, управувано од Б.П., како бесправно превезува огревни дрва.
Според пријавеното, откако се доближиле до него му дале знак да застане, тој не застанал, ја зголемил брзината и со возилото го удрил Р.М..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
194