Сегашниот и поранешниот градоначалник на Прилеп домаќини кај параклисот на Св. Наум


Денеска православните верници го одбележуваат празникот посветен на нашиот голем светител Свети Наум Охридски Чудотворец. Кај параклисот посветен на овој светител во Прилеп, кој се уште е во изградба и кој се наоѓа кај сала „Македонија“ се одржа водосвет и прережување на славскиот колач. Домаќини  оваа година беа сегашниот градоначалник Борче Јовчески, поранешниот градоначалник Марјан Ристески и нашите сограѓани, Бошко Талески и Иивиица Бубрегоски.

При оваа прилика, овогодинешните  домаќини искажаа  благодарност до црковниот одбор, до граѓаните на Прилеп и бизнис секторот кои заедно со локалната самоуправа имаат помогнато при изградбата на оваа црква, а на идните домаќини им посакаа здравје, среќа и бериќет. На настанот присуствуваа голем број на верници и претставници на МПЦ.

 

 

 

Поранешниот градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески, на својот ФБ профил напиша дека во тоа време во Прилеп за прв пат се изгради православен храм во чест на овој светител. Камен темелникот за изградба на овој велелепен храм беше поставен во 2012 година и тој е еден од 4-те храмови во Прилеп кои се изградија за само неколку години, а останатите се: „Св. Петка“ во населба Точила, „Св. Пантелејмон“ во кругот на општата болница и „Св. Константин и Елена“ во типската населба.

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи