ВИДЕО – Под мотото „Едно небо за сите деца“ 17-ти Божикен ручек во Прилеп за над 500 дечиња


Под мотото „Едно небо за сите деца“ по 17-ти пат во Прилеп се одржа Божикниот ручек во организација на „Детската Амбасада За Сите Деца Во Светот“. Децата беа од различни целни групи и од повеќе градови на Македонија. На заедничката трпеза тие го прославија денот на Христовото раѓање. Беше потенцирано тоа дека децата треба да се почитуваат помеѓу себе, да нема дискриминација и насилна комуникација, да преовладува толеранцијата бидејќи тие се нашата иднина. Токму затоа на Божикната трпеза заедно, покрај децата од православна вероисповед присуствуваа и се дружеа и децата од исламската, католичката, еврејската и евангелско-методистичката заедница кај нас.

„Дечињата се среќни, среќни сме и ние како организација што оваа традиција продолжува со надеж дека оваа година ќе ни биде уште посреќна, а лошите мигови ќе ги оставаме зад нас“, истакна Александра Северкоска Стојаноски, извршна директорка на „Детската Амбасада За Сите Деца Во Светот“.

 Божикниот Ручек го благослови Митрополитот Преспанско-Пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски, Господин Петар

Христос Спасителот рекол не случајно им рекол на Апостолите кога земал едно дете и го поставил на возвишено место  – „Ако не бидете како ова дете, се мисли незлобиви, искрени, чесни, трудољубиви и кои сеат љубов околу себе неможете да го наследите царството небесно“, потенцираше Г. Ппетар, Митрополитот Преспанско-Пелагониски.

На сите деца локалната самоуправа им обезбеди по едно новогодишно пакетче.

„Да им посакаме и оваа година во нивните семејства да царува радоста, расположението и среќата. Се разбира ова традиција продолжува и се надеваме дека и в година ќе имаме една ваква прекрасна слика“, изјави Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Оваа година најпрестижното признание „ОРДЕН ЗА НОСИТЕЛ НА МИРОТ“ го доби една општествена одгорна компанија од Битола.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи