По 4-ти традиционален пат здружението на велосипедисти од Прилеп „Маркови Точакџии“ вело сезоната ја отвораат со искачување на Тапанче, највисокиот врв на ридот Маркови Кули, по кого го носат и самото име. Велосипедистите како и секоја година тргнаа од пред споменикот на Кралот Марко во центарот на Прилеп, а потоа турата заврши на Марковите Кули.
Од здружението ветуваат многу заеднички вело тури и многу дружба во 2023 година.
125