Второ место на WAF CONTEST 2023 за 11 годишната прилепчанка Михаела Пурдеска


Михаела Пурдеска го воодушеви стручното жири на WAF CONTEST 2023. Ова е нејзин прв настап и на возраст од 11 години, таа го доби второто место од стручното жири на WAF CONTEST 2023 (Асоцијација на светски манифестации).

Во силна конкуренција на натпреварувачи од скоро сите Балкански држави, како и од Белорусија, Израел, Романија, Унгарија, Литванија, Молдавија, Казахстан, Украина, и други, во категоријата изведувачи од 11 до 14 години, Михаела ја изведуваше евровизиската композиција „Fire“ од Мила Москов.

 

 

 

Во посебни категории се доделуваа 1, 2 и 3 награда, а единствената награда Гран при ја понесе изведувачот од Казахстан Ерџан Максим, инаку вторанаграден на детскиот Евросонг во 2019 година. Музичкиот спектакл WAF CONTEST 2023, иако првично беше најавен дека ќе се одржува во МНТ, се одржа во концертната сала од хотелот Хилтон, каде ден пред натпреварот, шеесетината учесници дефилираа на црвениот тепих, имаа фото сесија, како и меѓусебно запознавање на учесниците.

Она што е интересно, е што нашата мала сограѓанка настапува за прв пат и доживеа суперлативи за нејзината изведба од стручното жири, и пофалби за нејзините гласовни можности на нејзина возраст.

 

 

 

Ова е изненадување за мене, зашто досега не сум учествувала на фестивали, ниту на вака големи музички манифестации и големи сцени. Моите настапи досега беа хорски на концертите од Основното музичко училиште Ордан Михајлоски Оцка или пак соло изведба на концертите од приватното музичко училиштеМатрикс, но само во Прилеп. Мене на оваа манифестација ме пријави мојот ментор Денис Димоски, кој сметаше дека моите гласовни можности се созреани да започнам да настапувам на големи манифестации. Бев подисплашена и искрено, ништо не знаев каде одиме, како е и што ќе се случува. Со ова добив едно искуство како е да се настапува на поголеми сцени и пред жири комисија, а и за прв пат имав интервју на англиски јазик за странски телевезии, каде имав и трема, вели Михаела Пурдеска.

Инаку, Михаела посетува настава по пијано во нижото музичко училиште во класата на професорот Јулијана Златеска и софеж кај наставникот Кире Гаралоски, а започнала да пее во хорот „Мали Ангели“, на 4 годишна возраст, при случајна аудиција во градинките од наставникот по музичко образование Маја Џопа, која прва и ги открива музичките потенцијали на Михаела.

Иако го сакам пијаното, моја желба е од в година да започнам да посетувам соло пеење во музичкото училиште, зашто тоа го сакам. Сакам да се заблагодарам на сите за беспрекорната поддршка за мојот прв настап, на наставниците од моето училиште Климент Охридски“, музичкото училиште, а посебно на мојот ментор Денис Димоски, кој премногу верува во мене и пред да тргнеме како на шала ми велеше дека ние Михаелче секако ќе земиме награда“, додава Михаела.

 

 

Мајката на Михаела, Лилјана Пурдеска Силјаноска, е пресреќна на постигнувањето од првиот настап, но вели дека и покрај талентот кој го поседува нејзината ќерка и нејзината музичка наобразба, тешко дека ќе можат да го следат нејзиниот избор да плови во музичките води, зашто во музиката кај нас се се плаќа, освен вакви меѓународни натпревари, каде не е потребен голем финансиски влог.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи