ВИДЕО – Јовчески: Ги поканувам сите граѓани утре кај Градскиот саат „На Василица во Прилеп“

Play Video

Почитувани сограѓани во поканувам утре на 13 јануари, ден пред големиот христијански празник Св. Василиј Велики да дојдете на платото пред Градскиот саат и да го одбележиме овој ден. Целта ни е излеземе од домовите прославувајќи го овој празник помеѓу народот, онаму каде што и сакаме.

Претходно во 11 часот ќе има пригодна музичка програма, а веднаш потоа делење на бурек, топол чај и греано вино. Им се заблагодаруваме на сите општествено одговорни компании кои го дадоа својот ангажман и воедно го поддржуваат овој настан.

Се разбира дека задоволството ќе биде толкаво големо што на наоѓачот на паричката му обезбедивме пристојна, но и симболична награда која што ќе му даде среќа и здравје во текот на целата година. Уште еднаш ве покануваме „На Василица во Прилеп“.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи